Европа до 2020 година треба да инвестира 28 милијарди евра во 500 проекти за изградба на нови 42.000 километри интерконективни далноводи за обезбедување стабилност на енергетскиот систем. Од нив, 10.400 километри во 21 проект вредни четири милијарди евра, меѓу кои и трите македонски што треба да се изградат во Југоисточна Европа. Ова беше истакнато во презентацијата на Состанокот на преносните систем-оператори од Југоисточна Европа што под покровителство на Европската асоцијација на преносни систем оператори ENTSO-Е се одржа во Загреб. На првата работилница од ваков вид во ЈИЕ се презентира листата на приоритетни проекти што треба да бидат изградени во 13. земји од регионот до 2020 година, изработена врз основа на методологијата за преносни капацитети изработена од стручните лица на МЕПСО.
Европа до 2020 година треба да инвестира 28 милијарди евра во 500 проекти за изградба на нови 42.000 километри интерконективни далноводи за обезбедување стабилност на енергетскиот систем.
Од нив, 10.400 километри во 21 проект вредни четири милијарди евра, меѓу кои и трите македонски што треба да се изградат во Југоисточна Европа. Ова беше истакнато во презентацијата на Состанокот на преносните систем-оператори од Југоисточна Европа што под покровителство на Европската асоцијација на преносни систем оператори ENTSO-Е се одржа во Загреб.
На првата работилница од ваков вид во ЈИЕ се презентира листата на приоритетни проекти што треба да бидат изградени во 13. земји од регионот до 2020 година, изработена врз основа на методологијата за преносни капацитети изработена од стручните лица на МЕПСО.
Дамјан Меѓимурец, координатор за регионот на ЈИЕ во ENTSO-Е, нагласи дека регионот во моментов ги нема неопходните четири милијарди за изградба на планираните интерконективни далноводи.
- Целта е да се добие чувство колку инвестиции се неопходни до 2020 година и тоа не само за електрани, туку и за далноводи и трафостаници за да може да се осигура поповолно финансирање на приоритетните проекти - рече Меѓимурец.
Раководителот во Секторот за стратешко планирање и анализи на системи во МЕПСО, Александар Пауноски истакна дека пресметките што ги изработиле претставуваат влезни податоци за изработката на новиот регионален инвестициски план за ЈИЕ кој опфаќа 21 проект со вкупна вредност од четири милијарди евра во кои МЕПСО учествува со три проекти со вредност од околу 60 милиони евра.
- Со нашите пресметки се покажа дека регионалното поврзување меѓу Македонија и Косово, новата интерконекција со Албанија и изградбата на далноводот Штип-Ниш всушност претставуваат проекти од паневропски значење - изјави Пауноски.
Во Загреб се креира новата мрежа на далноводи која ќе овозможи во наредните 10 години без проблеми да се разменува енергија меѓу земјите од ЈИЕ. Во сценариото се предвидени алтернативи за замена на нуклеарните централи и тоа најверојатно ќе бидат гасните централи. Во Европа, до 2020 година 20% од електричната енергија треба да се добива од обновливи извори на енергија, а до 2050 година дури 80%.